Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Антонио Крстаноски, студент на ФТУ Охрид ја доби годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување

Охрид, 2. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Антонио Крстаноски, студент на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) во Охрид, ја доби годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување која ја доделува Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Антонио победи со трудот насловен „Трендови во концентрацијата на пазарите на осигурување во Источна Европа“ што беше подготвен за Студентската конференција „Сервеко 2023“ организирана од страна на ФТУ. Годишната награда за млади истражувачи се доделува секоја година на Денот на осигурувањето (1. ноември) на свечен настан организиран од страна на АСО и претставува значаен стимул за студентите да се развиваат и истражуваат во областа на осигурувњето и менаџментот со ризици. Успехот на Антонио беше поздравен од страна на Премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски и Претседателот на Советот на експерти на АСО, Крсте Шајноски.

– На истиот настан, учествуваше и професор Климе Попоски како панелист на панел дискусијата насловена „Како растот на осигурувањето да го трансформираме во развој.“ Останати соговорници во панел дискусијата беа Претседателот на Советот на експерти на АСО, Крсте Шајноски, Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, Генералниот директор на Триглав Осигурување Живот, Христина Џамбазовска Анастасов и Заменик министерот за финансии, Филип Николоски, информираат од ФТУ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука