Забава Избор

Охриѓанецот Пајак наскоро заминува на својот прв настап во Австралија со ДНК и Наум Петрески

Охрид, 2. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охридски музичар Христијан Настески- Пајак наскоро заминува во Австралија, каде ќе го има својот прв настап таму, заедно со ДНК и Наум Петрески.

– Наум Петрески, вистинска легенда на македонската музика, ќе ја краси сцената со своите безвременски класици, додека уникатниот спој на жанрови на Пајак ветува дека ќе ја плени публиката. ДНК, познати по своите енергични и динамични настапи, ќе ја запалат сцената заедно со нивниот исклучителен бенд. Ова е ноќ што нема да сакате да ја пропуштите, исполнета со музика, страст и жив дух на Македонија, порачуваат организаторите.

Настанот ќе се одржи во петок, на 8-ми декември 2023 година во MNO Vardar.

Пајак се’ посигурно гази по својот музички пат. Неодамна, неговата песна „Bella“, заедно со Лара Иванова беше прогласена за најслушана песна меѓу две изданија на фестивалот Макфест во Штип. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука