Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Со освоени сите први места, охридската Гимназија ги заокружи општинските натпревари

Охрид, 2. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во спортската сала при СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ денеска се одржаа општинските натпревари во кошарка во машка и женска конкуренција.

– Во првиот натпревар се сретнаа женските екипи на ОСУ „Св. Климент Охридски“ и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, натпревар во кој победата ја однесоа „Гимназијалките“ со резултат 19:22. Вториот натпревар беше во машка конкуренција помеѓу ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и „Гимназија“, во кој со резултат 38:46 гимназијалците заслужено се пласираа во финалето со „Економско“. Во финалниот натпревар во женска конкуренција се сретнаа екипите на „Економистките“ и „Гимназијалките“. Победа и пласман на зонските натпревари обезбедија „Гимназијалките“ со резултат 28:12, додека финалето во машка конкуренција го доби Гимназија со резултат 30:20, со што Гимназија ги заокружи општинските натпревари освојувајќи ги сите први места, информира професорот Наум Јамандиев. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука