Избор Охрид Спорт

Продолжи хуманитарниот турнир во мал фудбал во чест на Денот на ослободувањето на Охрид

Охрид, 5. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска продолжи хуманитарниот турнир во мал фудбал, кој се одржува по повод Денот на ослободувањето на Охрид, 7-ми Ноември.

Турнирот е во организација на ЈП „Билјанини извори“ во соработка со Општина Охрид, а учествуваа 12 екипи, распоредени во 4 групи.

– Натпреварот за трето место помеѓу екипите на ЈП „Комуналец“ и ЈП „Водовод“ заврши со резултат 7:1 за ЈП „Водовод“, по што ќе се игра и финалето помеѓу „Магна“ и „АСП-ПАК“. Ќе се доделат 72.000 денари на Здружението на лица со дијабет тип 1, порачуваат организаторите.

Натпреварите се играат во спортската сала „Билјанини извори“, а за најуспешните три тимови се обезбедени пехари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука