Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминативе 24 часа во Охрид наврнаа 13 литри на м2 воден талог

Охрид, 5. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија, во текот на изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 13 литри на метар квадратен воден талог.

– До 07:00 часот утрово наврнаа 22 литри на метар квадратен воден талог во Струмица, 19 во Маврови Анови, 17 во Демир Капија и Виница, 16 во Лазарополе, 15 во Берово, 13 во Охрид, Претор и Крушево, 12 во Крива Паланка и Штип, 10 во Дојран и Попова Шапка, потенцираат од УХМР.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 20. степени.

– Денес ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 70 km/h), а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Потоа во следните два дена ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нови врнежи повторно се очекуваат во среда, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука