Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Екипата на „АСП-ПАК“ најдобра на хуманитарниот турнир во мал фудбал во чест на Денот на ослободувањето на Охрид

Охрид, 5. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на „АСП-ПАК“ со 5:2 ја однесе победата во финалето над екипата на „Магна“ и е прогласена за најдобра на хуманитарниот турнир во мал фудбал, кој се одржа во чест на Денот на ослободувањето на Охрид.

Турнирот се одржа во организација на ЈП „Билјанини извори“ во соработка со Општина Охрид, а учествуваа 12 екипи, распоредени во 4 групи.

Претходно се играше натпреварот за трето место помеѓу екипите на ЈП „Комуналец“ и ЈП „Водовод“ кој заврши со резултат 7:1 за ЈП „Водовод“.

Како што беше најавено, турнирот имаше и хуманитарен карактер. Се доделија 72.000 денари на Здружението на лица со дијабет тип 1.

– Пред почетокот на свеченото доделување на наградите на првопласираните, собраните средства од котизациите на сите 12 екипи кои се во износ од 72.000 денари, ги доделивме на Здружението лица со дијабет Тип 1 од Охрид. Воедно сакам да ја информирам јавноста дека останатите средства собрани од хуманитарните паркинзи со кои стопанисува јавното претпријатие „Билјанини извори“ ги доделивме на Гордана Попоска за поддршка во лекувањето на нејзиниот син Петар. Им посакувам здравје. Им благодарим на сите учесници за поддршката и хуманоста, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

Натпреварите се играа во спортската сала „Билјанини извори“, а најуспешните три тимови добија и пригодни пехари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука