Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 18. степени

Охрид, 6. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност, поголема во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 18. степени.

– Денес и утре ќе биде наутро свежо и понекаде во долините со услови за појава на слаба магла. Преку денот ќе биде претежно сончево. Во среда ќе преовладува облачно проследена со слаб до умерен дожд. Потоа до крајот на работната недела температурите ќе бидат пониски за 2 до 5 степени во однос на почетокот на неделата. За време на викендот се очекуваат нови врнежи од дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука