Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Осум златни, три сребрени и три бронзени медали за таеквондистите од „Хваранг Фист“ и „Сила“ на Меѓународниот турнир во Скопје

Скопје/Охрид, 5. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Таеквондо клубот „Корио“ и Македонска Tаеквондо Федерација, викендов во Општина Кисела Вода, Скопје се одржа Меѓународен турнир во Олимписко Теквондо, на кој зедоа учество повеќе од 300 натпреварувачи од 15 клубови од Република Македонија и соседството.

Охридскиот клуб „Хваранг Фист“ го претставија 9 натпреварувачи од Охрид и двајца натпреварувачи од нивниот огранок во Скопје, Таеквондо клубот „Сила“.

– Постигнавме одлични резултати освојувајќи 8 златни, 3 сребрени и 3 бронзени медали. Покрај овој успех, Ѓорѓи Петкоски и Миа Спироска беа прогласени за најдобар кадет, односно сениорка на турнирот. Ангел Чубриноски од ТКД „Сила“ – 27 кг пионери А класа го освои 2 место, во Б класа 1 место. Ана Крстеска ТКД „Сила“ – 48 кг пионерки 2 место, Ѓорѓи Петкоски – 45 јуниори 1 место, -41 кадети 1 место, Стефани Целеска – 40 кг пионерки 1 место, Доротеа Најдеска – 51 кг пионерки 1 место, Ахмед Синан – 61 кг кадети 3 место, Марија Неделкоска – 29 кг пионерки 1 место, Јана Спироска – 51 кг кадетки 3 место, Ненад Целески + 78 кг Јуниори 3 место, +65 кг кадети 1 место, Петар Петкоски – 33 кг кадети 2 место и Миа Спироска – 53 кг сениорки 1 место, информираат од клубот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука