Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 18. степени

Охрид, 7. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 18. степени.

– Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови. Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток. Нов влажен бран се очекува во петок кон крај на денот и во сабота кога ќе има врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата од утре осетно ќе се намали, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука