Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Полни две години Охрид без болничко лекување за најмладите пациенти

Охрид, 6. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Детското одделение во рамките на Општата болница во Охрид, поради недостиг на педијатри работи само како дневна амбуланта, а децата во ноќните часови, во викендите и празниците на прегледи и за хоспитализации се упатуваат во болницата во соседна Струга.

Охрид остана без болничко лекување за најмладите пациенти пред две години. Од тогаш во повеќе наврати од Министерството за здравство најавуваа решение на проблемот, но во Детското одделение во охридската болница и натаму се вршат само амбулантски прегледи.

Граѓаните во повеќе наврати преку медиумите апелираат да се изнајде решение за овој проблем, кој може да има сериозни последици по здравјето на најмладите.

На 6-ти ноември 2023 година, во 07:44 часот во СВР Охрид, од Медицински центар Охрид било пријавено дека кај нив во тешка здравствена состојба како резултат на претходни заболувања било донесено едногодишно бебе, кај кое по реанимацијата била констатирана смрт без траги на насилство.

– За настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на семејството, информираат од СВР Охрид.

Од Министерството за здравство (МЗ) во врска со овој случај соопштија дека судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта. Од МЗ вечерва потврдија дека детето денеска во 07.12 часот било донесено без знаци на живот во Охридската болница.

– На одделот за Анестезија, реанимација и интензивно лекување при ЈЗУ Општа болница Охрид, денеска во 07:12 часот од страна на службата за Итна медицинска помош, донесено е дете од година и единаесет месеци без знаци на живот. Од страна на анестезиолошки тим веднаш е пристапено кон реанимација, но истата е без успех. Причината за смрт ќе ја утврдува судска медицина, информираа од Министерството.

На 6-ти ноември 2023 годна, во 07:44 часот во СВР Охрид, од Медицински центар Охрид било пријавено дека кај нив во тешка здравствена состојба како резултат на претходни заболувања било донесено едногодишно бебе, кај кое по реанимацијата била констатирана смрт без траги на насилство.

– За настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на семејството, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука