ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на магистралниот пат Битола-Ресен, загина 50-годишен охриѓанец

Битола/Охрид, 7. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа, по 19:30 часот, во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, во близина над селото Братиндол, битолско, се случило сообраќајна незгода.

– Истата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „БМВ” со ресенски регистарски ознаки управувано од страна на 24-годишниот Б.Н. од ресенското село Езерани во кое сопатник бил 25-годишниот К.Ш. од село Царев Двор, ресенско и патничко возило марка „Рено клио”со охридски регистарски ознаки управувано од 50-годишниот Г.С. од Охрид во кое сопатничка била 55-годишната Н.С. од Охрид. Од страна на доктор во Клиничката болница во Битола, кај лицето Г.С. констатирана е смрт како последица од повредите, а кај сопатниците констатирани се повреди, информираат од МВР.

Увидот го изврши увидна екипа на СВР Битола, а сообраќајот на релацијата Битола-Ресен привремено беше пренасочен по стариот пат. (Крај)

извор: МИА фото: 4news.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука