Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Лице од Охрид затекнато при извршување кражба во продажен објект на булевар „Туристичка“

Охрид, 7. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти ноември 2023 година, околу 19:30 часот, во СВР Охрид приведено е 45-годишно лице од Охрид кој претходно, бил затекнат при извршување кражба во продажен објект лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

– Продуктите што тој ги присвоил, со потврда се одземени и вратени на сопственикот на објектот и по целосно документирање на настанот, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука