Забава Избор

SUPER Fresh music: Jujuboy – James Bond

Охрид, 8. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Нигерискиот afrobeat музичар и кантавтор Jujuboy го претставува новиот сингл насловен „James Bond“.

Енергичната песна носи вистински спој на Afrobeat, рап и R&B и буди неверојатна самодоверба кај слушателите. Уметникот по потекло од јужна Нигерија го започна своето музичко патување на само осум години во црковниот хор, нешто што може да се слушне во неговата музика и денес.

Тој сам влезе во музичка продукција и правеше свои битови од куќата на неговата баба, по што започна соработка со истакнати нигериски кантавтори како Simi и Seyi Shay. Неговите први синглови, вклучувајќи ги „I Dey There“, „Enjoyment“ и „Gimmie Love“, брзо ги освоија радио станиците и стриминг платформите ширум светот.

Претходно објавениот сингл „Spaceman“, заедно со новата песна „James Bond “, ќе бидат на претстојното дебитантско EP издание, на кое Jujuboy работи напорно, а кое се очекува да излезе на крајот на годината.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука