ГКК Охрид во сабота гостува кај Еуроникел во Кавадарци
Охрид, 9. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на Охрид во сабота ги продолжуваат прволигашките натпревари.
Во рамки на седмото коло гостуваат во Кавадарци кај екипата на Еуроникел. Натпреварот е со почеток во 18:00 часот во спортската сала „Јасмин“, а ќе има и директен пренос.
По шест одиграни кола охриѓани се 11-ти на табелата со 7 бодови, додека Еуроникел се 4-ти со 10 бодови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |