Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Која е вистината? Од НПФМ тврдат дека Маленко лажно се претставува како претседател, тој вели дека има пресуда од Управен суд која го поништува Решението на Комисијата за жалби

Охрид, 9. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Реакции и демант од нелегални субјекти не коментирам… Ова е одговорот на Александар Маленко по реакцијата од страна на Националната пливачка федерација на Македонија, претставувана од претседателот Горан Стојановски на дописот од страна на Маленко, потпишан како претседател на Пливачка федерација на Македонија, за организација на трибини за спас на олимписките спортови.

Маленко за Супер радио и OhridPress вели дека средбата што тој ја свика за денес се одржала и на неа присуствувале 15 олимписки спортски федерации, Агенција за млади и спорт и од Факултетот за физичка култура.

Тој ни достави и пресуда од Управниот суд, од 13.10.2023 година со која се поништува Решението на Комисијата за жалби на Република Македонија и истата се здолжува на Маленко да му исплати сума од 8.280 денари за процесни трошоци.

– Ова е мојата реакција, еднаква на највисок државен суд за управен спор, со наредба за спроведување од Централен регистар. Мојот став е јасно и гласно кажан и пишан, за разлика од објави на медиуми и манипулација на јавност со лаги од нелегално раководство кое има правосилни судски пресуди против сите нив, вели Маленко.

Од Пливачката федерација на Македонија изразија вчудоневидување од користењето на печат и потпис за федерација со лажно претставување.

Во демантот велат дека лицето Александар Маленко во поканата за средба лажно се преставува како претседател на Пливачка федерација на Македонија и ова не е првпат да се случува.

– Согласно Законот за спорт, во секој спорт е дозволено регистрирање на една федерација. Во спортот пливање една и едниствена федерација во Р. Македонија која е регистрирана во Централен регистар на РМ и која има решение за вршење на дејност спорт издадено од Агенција за млади и спорт е Национална Пливачка Федерација на Македонија, седиште Градски Парк бб, Сала КК Работнички Скопје, ЕМБС5134846 и ЕДБ4030996160921, чиј претседал е Горан Стојановски од Скопје.

Наводната Пливачка федерација на Македонија на која како претседател се преставува лицето Александар Маленко ниту е регистрирана во Централен регистар на РМ ниту пак има решение за вршење на дејност спорт. Александар Маленко нема никаков легитимитет да се појавува во јавноста и да говори од името на пливачите и пливачките работници, велат од федерацијата.

Тие посочуваат и во каква состојба Александар Маленко ја оставил Пливачката Федерација додека бил претседател.

• 09.06.2021 одлука 03-51/21 за суспензија на нашиот најдобар пливач во тоа време, Деркоски Филип поради наводно непојавување на допинг тест (ова е отфрлено од страна на Националната Антидопинг агенција која потврди дека Деркоски Филип никогаш не бил повикан на допинг тест)
• Неисплаќање на награден фонд во износ од 15.000 американски долари на пливачите учесници на Светскиот куп во далечинско пливање во Охрид 2019 година
• Неисплаќање на награден фонд во износ од 20.000 американски долари на пливачите учесници на Светскиот куп во далечинско пливање во Охрид 2021 година
• Неисплаќање на котизации за одржување на споменатите маратони од вкупно 10.000 евра
• Неисплатени трошоци за делегатите на Европскиот куп во далечинско пливање во Охрид 2021 година.

Додаваат дека ги демантираат сите наводни покани за работни средби кои произлегуваат од страна на Александар Маленко каде што истиот лажно се претставува како Претседател и за истите најавија покренување соодветно обвинение до надлежните институции. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука