Забава Избор

SUPER Fresh music: Mika – Apocalypse Calypso

Охрид, 10. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со новиот dance сингл наречен „Apocalypse Calypso“, Mika носи заразна мелодија за која тој вели дека го слави животот.

Песната е посветена на уживањето во моментот и им порачува на сите слушатели да танцуваат дури и во пресрет на апокалипсата, поради што не е чудно што по овој сингл е насловена и претстојната концертна турнеја на музичарот.

Со новата песна и претходно објавениот сингл „C’est la Vie“, Mika го подготвува теренот за неговиот нов студиски албум „Que ta tête fleurisse encore“.

Изданието беше официјално најавено за први декември и го претставува првиот албум на авторот кој целосно ќе биде на француски јазик.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука