Економија Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Утрово од Охрид кон Љубљана тргна Yugo Rally 2023 (Фото/Видео)

Охрид, 10. ноември 2023 (ОРХИДПРЕС) – Група вљубеници во автомобилите Yugo, еден од најпрепознатливите симболи на поранешна Југославија, утрово од преубавиот Охрид тргнаа на повеќе од 1.100 километри долг пат до Љубљана во Словенија.

Станува збор за група од 14 автомобили од марката Yugo, кои полни осум дена од Охрид ќе патуваат до Љубљана низ Република Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. Настанот е наречен Yugo Rally 2023 година.

– Ние сме само неколку пријатели кои добро се забавуваат заедно, порачаа пред тргнувањето за OhridPress.

Фабриката на Застава во Крагуевац, од почетокот на производството на возила во 1953 година, произведе преку четири милиони автомобили. Генерации Југословени израснаа со моделите, меѓу народот познати како „Фичо“, „Застава 101“ и „Југо“. И ден-денес многу луѓе се горди сопственици на овие, како што некои ги нарекуваат, „последни социјалистички автомобили“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука