Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 4 литри дожд на метар квадратен

Охрид, 11. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија, изминатите 24 часа, до 07:00 часот утрово, во Охрид наврнаа 4 литри на метар квадратен воден талог.

Според мерењата на УХМР, измерени се 14 литри воден талог на м2 во Попова Шапка, 10 во Тетово и Маврови Анови, 8 во Крушево, 5 во Берово и Лазарополе, 4 во Охрид, 3 во Претор и Виница, 2 во Крива Паланка, Прилеп, Гевгелија и Дебар.

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.

– Под влијание на влажен бран до понеделник претпладне времето ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 35 l/m2 за целиот период). Денес ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец (наместа со брзина над 70км/час). Потоа, нови локални врнежи се очекуваат во среда попладне, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука