Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Распродадени билетите за стенд ап настапот на Бојан Велевски вечерва во Охрид

Охрид, 11. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Комплетно се распродадени билетите за големиот стенд ап настан на Бојан Велевски закажан за вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 20:00 часот.

Бојан пред настапот испрати голема благодарност до охриѓани за поддршката и ветува спектакл и смеење на секои 20 секунди полни 75 минути.

– Во овие десетина години кариера како комичар, со Охрид сме се дружеле прилично ретко. Затоа овој настан од турнејата ми е еден од најважните затоа што сега охриѓани ќе можат да ме видат во едно вистинско светло, открива Велевски за OhridPress, кој е медиумски партнер и го поддржува настанот.

Турнејата започна од Прилеп, по што следуваа Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Битола, Куманово, Тетово и Штип. На овие настани подготвената програма ја видоа над 5.000 луѓе.

Настапот ќе започне во 20:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука