Забава Избор

SUPER Fresh music: The Beatles – Now and Then

Охрид, 14. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На големо изненадување на публиката претставена е новата песна на легендарните The Beatles, „Now and Then“, носталгичен сингл кој е последното издание на кое работеа сите четири членови на бендот.

Доаѓа четири децении откако ја сними John Lennon, заедно со мини-документарниот филм „Now And then – The Last Beatles Song“ кој содржи ексклузивни снимки од студиските сесии, како и коментари од членовите на бендот и луѓе блиски до нив.

Песната беше официјално создадена во 1979 година, а Yoko Ono им ја откри снимката на преостанатите членови на бендот во деведесеттите години. Paul McCartney, Ringo Starr и George Harrison направија напори да ја завршат со помош на продуцентот Jeff Lynn, но се откажаа поради големиот шум и зуењето на оригиналната снимка.

Во 2021 година, која Peter Jackson започна да работи на документарниот филм „The Beatles: Get Back“, неговиот тим користеше технологија за вештачка интелигенција за успешно изолирање на одредени канали во миксот, отворајќи ја можноста за отстранување на зуењето. McCartney и Starr тогаш се вратија во студио и ја завршија песната четири децении по нејзиното создавање, комбинирајќи го демото со модерен материјал од сесиите на деведесеттите, како и примероци од познатите песни „Here, There and Everywhere“, „Eleanor Rigby“ и „Because“.

Оваа извонредна приказна го открива неверојатното технолошко, но и креативно достигнување и го слави наследството на најистакнатиот и највлијателниот бенд во музичката историја.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука