Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и релативно топло време со умерена облачност и температура до 16. степени

Охрид, 14. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 16. степени.

– До утре ќе се задржи релативно топло преку денот, а наутро со услови за појава на магла во одделни котлини. Локални врнежи од дожд ќе има во попладневните и вечерните часови во среда и од петок попладне, преку ноќта и особено во сабота кога врнежите ќе бидат пообилни. Од четврток времето ќе биде посвежо, а во сабота температурата ќе биде пониска за уште 3 до 4 степени и ќе дува умерен до силен северозападен ветер. Во ноќта кон сабота на планините претежно во северните делови од земјата врнежите ќе бидат од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука