Економија Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Марина Кљајиќ- Петковски: По шест месеци од терапијата во „Валео“ болките трајно исчезнаа и не се вратија

Охрид, 15. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Марина Кљајиќ- Петковски е вработена и мајка на три деца, по третманите во Физиотерапија и кинезитерапија „Валео“  вели дека повеќе не се сеќава каде и’ била болката во рамото.

Пред неколку месеци, кога се спроведуваа третманите, задоволството кај двете страни беше огромно, затоа што болката исчезна и Марина започна сосема нормално да живее и да ги извршува секојдневните обврски. Деновиве беше спроведена контрола, која само го потврди она што е ново секојдневие за неа – болката е минато.

– Поминаа шест месеци од мојата терапија во „Валео“. Болките трајно исчезнаа и не се вратија. Се чувствувам прекрасно и најтопло Ви препорачувам – сите Вие кои имате болки во рамото, кои се соочувате со калцификати или имате било каков проблем од овој вид, обратете се кај професионалниот тим во „Валео“. Нека болката стане минато, вели Марина.

Таа сега може да ги извршува без проблем секојдневните домашни и работни обврски и нема потреба да зема никакви лекови.

Од „Валео“ порачуваат дека за нив, ваквите успешни приказни се дополнителна мотивација да продолжат понатаму да вложуваат во опрема, едукација и надградба, се’ во насока на давање на подобри услуги.

– Не дозволувајте болката да Ве оддалечи од квалитетниот живот. До подобро здравје со клинички докажани методи и техники за физиотерапија. Задоволните пациенти се нашиот најголем успех. Да ја победиме болката заедно, порачуваат од „Валео“.


Физиотерапија и кинезитерапија „Валео“ се наоѓа на улица „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“, а сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефонот 071/506-818 или на нивната страна на Facebook. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видеo: Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука