Здравје Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

ИЈЗ: Пријавени 47 случаи на сезонски грип, во Охрид не се евидентирани заболени

Охрид/Скопје, 16. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 6-ти до 12-ти ноември во Република Македонија пријавени се 47 случаи на сезонски грип, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Заболените лица оваа недела се регистрирани во Дебар – 27, Тетово – 5, Прилеп – 4, Кавадарци, Куманово и Струмица – по 3 и Берово – 2. Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 22 лица, од 0-4 години – 13, од 5-14 години – 8 и над 65 години – 4 лица, стои во неделниот извештај.

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип е 287. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 3 пати.

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, особено за ризичните групи граѓани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука