Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Претрес во Охрид, пронајдена дрога

Охрид, 16. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти ноември 2023 година, во 15:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 37-годишно лице од Охрид.

– При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава течност и предмети со остатоци од кафеава течност, но и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука