Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Инцидент во судот во Охрид, тепачка по изречена казна затвор на лице кое се товари за убиство

Охрид, 21. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Основниот суд во Охрид денеска се случил инцидент на судење за убиство, по што се случила тепачка и интервенирала полицијата.

Порталот Охрид 1 јави дека инцидентот започнал кога во судницата била изречена затворска казна во траење од 15 години, за лице кое се товари за убиство. По ова ситуацијата ескалирала во физичка пресметка, која излегла од контрола и била повикана да интервенира Полицијата.

До овој момент нема информации за тоа кој е нападнат и дали во инцидентот има повредени лица.

Околу судот се расподедени повеќе полициски автомобили кои ја блокираа улицата. (Крај)

извор: Охрид 1 фото: Охрид 1

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука