Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид: Три лица од Велешта се приведени по инцидентот пред Основниот суд во Охрид

Охрид, 21. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви ноември 2023 година, во 13:45 часот, во СВР Охрид приведени се три лица од струшкото село Велешта кои, претходно, пред Основниот суд во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

– По целосно расветлување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука