Забава Избор

Missy Elliott е примена во Куќата на славните на рокенролот

Охрид, 22. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Missy Elliott е примена во Куќата на славните на рокенролот, со што стана првата жена – рап изведувач на која тоа и успеа.

– Поминав низ многу подеми и падови и знам од каде доаѓаат моите подароци. Господ ме донесе овде. Тоа ми овозможи да запознаам неверојатни луѓе на патот, порача Missy.

Најпозната е по незаборавните „Get Ur Freak On“, „Work It“, „The Rain (Supa Dupa Fly)“, „Pass That Dutch“ и „Lost Control“. Во 2019 година таа беше првата жена – хип хоп изведувач што беше примена во Куќата на славните на текстописците, а во 2021 година доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

На истата церемонија, во Куќата на славните на рокенролот беа примени и Sheryl Crow, Rage Against the Machine, Willie Nelson, The Spinners, Kate Bush и George Michael. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука