Забава Избор

Следната година започнува судењето против Duane „Keffe D“ Davis за убиството на Tupac Shakur

Охрид, 22. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти јуни 2024 година, Duane „Keffe D“ Davis, 60-годишниот маж уапсен во септември од полицијата во Невада, ќе се соочи со судење за убиството на познатиот рапер Tupac Shakur.

Тој е првиот човек кој е уапсен за директна поврзаност со убиството, а полицијата соопшти дека тројца други осомничени за убиството се сега починати.

Davis, кој е поранешен водач на улична банда во јужна Калифорнија, им бил познат на инспекторите подолго време. Тој во неговите мемоари од 2019 година, призна дека бил во белиот кадилак од кој пред 27 години било пукано во Tupac.

Davis, кој се изјасниl за невин по обвинението, веќе ангажирал и адвокати кои изјавија дека ќе бараат ослободување со кауција, објаснувајќи дека допрва треба да ги проверат „обемните докази“, како што ги опиша обвинителот Marc DiGiacomo. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука