Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид: Три лица од Велешта се лишени од слобода по вчерашниот инцидент во охридскиот суд

Охрид, 22. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви ноември 2023 година, во СВР Охрид, лишени се од слобода три лица на возраст од 34, 58 и 37 години, сите од струшкото село Велешта.

– Тие, претходно, пред Основниот суд во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка и агресивно однесување кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука