Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Вечерва Stand Up Show и настапи на Камелеон, ВИС „Билјана“ и Urban Planet feat Ana за помош на 22-годишниот Петар Попоски од Охрид

Охрид, 29. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи хуманитарен настан за помош на 22-годишниот Петар Попоски од Охрид.

– Црвен крст Охрид, со помош и поддршка од страна на Никола Тодороски го организираат овој хуманитарен настан со цел да се собират финансиски средства за лекување на нашиот млад сограѓанин. Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Хируршката интервенција не е можно да се изведе во Република Македонија, поради тоа мора да се оперира во Турција и се потребни околу 50 илјади евра, информираат органзиаторите.

Настанот се состои од две точки – Stand Up Show и музички настап на Камелеон, ВИС „Билјана“ и „Urban Planet“ feat Ana. Билетите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник по цена од 200 денари, а можат да се набават во Црвен крст Охрид, во периодот од 08:00 до 16:00, во дел од охридските кафе барови кои ќе бидат обележани со постер за настанот, како и на влезот од НУ Центар за култура „Григор Прличев“, на денот на настанот.

Сите кои се во можност можат да донираат за помош на Петар на следните начини:

Број на трансакциска сметка 270-7000821760.21 Гордана Попоска

HALKBANK IBAN: MK07270700082176215

SWIFT: EXPCMK22

Телефонски броеви за донации:

А1 143 460

Телеком 143 128. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука