ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Продолжува потрагата по Вања, во Македонија 9 деца се водат како исчезнати

Скопје, 29. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поминаа повеќе од 48 часа од исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Од Министерството за внатрешни работи претходно објавија фотографија и опис за Вања во регистарот на исчезнати лица и потенцираат дека се активно вклучени во потрагата веднаш по добивањето на пријавата за изчезнувањето на девојчето. На нејзино пронаоѓање интензивно работи посебен тим формиран од страна на СВР Скопје.

– Вања Ѓорчевска, татко Александар, мајка Зорица, родена 27.2.2009 година во Скопје. Исчезната на 27.11.2023 година во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар Скопје.Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темнокафеава, очи кафеави, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон „Ајфон“, пишува во објавата на МВР.

Девет деца се’ уште се водат како исчезнати

Според официјалните податоци од МВР, во последните три години (од 2020 до 27.10.2023) биле исчезнати 74 малолетни лица. Од нив, 65 се пронајдени. Девет деца уште се водат како исчезнати. Кога некој ќе исчезне во Република Македонија, според досегашната пракса, блиските прво бараат помош од социјалните мрежи. Се објавува апел со фотографија од лицето, податоци каде и кога исчезнал и како бил облечен, телефонски броеви на кои можат да се јават граѓаните ако имаат некоја информација за исчезнатото лице. Од последните три години, најмногу луѓе исчезнале во 2021. Полициската статистика за последните три години покажува и дека најмногу исчезнати луѓе во Република Македонија имало во 2021 година – вкупно 126 лица, што е значително повеќе од годината претходно, кога за исчезнати биле пријавени 91 лице. Од почетокот на оваа година пак исчезнале 59 лица. По осум уште се трага, останатите се пронајдени.

Кога некој ќе пријави исчезнати лице, МВР веднаш постапува. Не се чека да поминат 24 часа или 48 часа по пријавата.

– Во зависност од информациите со кои располагаме: причините за исчезнување, местото на исчезнување, неговото движење, дали лицето имало намера да ја напушти државата и така натаму, се распишува локална или централна објава, а по потреба и меѓународна објава, велат од МВР.

извор: Денешен весник фото: Денешен весник

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука