Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид повторно подаде рака, хуманитарен настан за помош на Петар од Охрид

Охрид, 29. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва се одржа хуманитарен настан за помош на 22-годишниот Петар Попоски од Охрид.

Организатори на настанот беа охридскиот Црвен крст со помош и поддршка на Никола Тодороски со цел да се соберат финансиски средства за лекување на нашиот млад сограѓанин. Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Хируршката интервенција не е можно да се изведе во Република Македонија, поради тоа мора да се оперира во Турција и се потребни околу 50 илјади евра.

Настанот се состоеше од Stand Up Show и музички настап на Камелеон, ВИС „Билјана“ и „Urban Planet“ feat Ana.

Сите кои се во можност можат да донираат за помош на Петар на следните начини:

Број на трансакциска сметка 270-7000821760.21 Гордана Попоска

HALKBANK IBAN: MK07270700082176215

SWIFT: EXPCMK22

Телефонски броеви за донации:

А1 143 460

Телеком 143 128. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука