ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

ВО ЖИВО: Прес конференција на МВР и ОЈО во врска со случајот со малолетната Вања Ѓорчевска

Скопје, 4. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Прес конференција на министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски во врска со случајот со малолетната Вања Ѓорчевска.

МВР синоќа објави дека по преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска, 3-ти декември 2023 година, во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27-ми ноември 2023 година. Во околината на Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес било пронајдено и телото на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, кој на 24-ти ноември 2023 година беше пријавен за исчезнат.

Ноќеска тројца осомничени завршија во Истражниот затвор во Шутка под сомнение дека се вмешани во грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Канал 5

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука