Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Владата пренамени 2 милијарди денари од Буџетот за 66 проекти, во Охрид ќе се гради спортска сала во ОУ „Ванчо Николески“ и нова училишна зграда во ОУ „Кочо Рацин“

Скопје/Охрид, 14. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија, на денешната седница донесе одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари коишто ќе бидат насочени за реализација на 66 проекти во најголем дел општини низ целата држава.

Меѓу општините се Град Скопје, Центар, Ѓорче Петров, Сарај, Аеродром, Охрид, Македонски Брод, Битола, Крива Паланка, Штип, Липково, Кичево, Валандово, Струмица, Росоман, Дојран, Берово, Делчево, Желино, Гостивар и други. Со одлуката, предвидено е овие средства да бидат наменети за реализација на проекти со коишто ќе се излезе во пресрет на потребите на граѓаните на локално ниво, како изградба и доградба на образовни и здравствени институции, спортски објекти, потоа реализација на проекти од областа на инфраструктурата, како и проекти од областа на заштита на животната средина со коишто се влијае на подобрување на здравјето на граѓаните.

Со средства од Министерството за образование и наука ќе се гради спортска сала во ОУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец, Охрид, како и реконструкција и адаптација на простор за нова училишна зграда за потребите на ОУ „Кочо Рацин“ во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука