Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Објавени резултатите од конкурсот за доделување на ученички стипендии за учебната 2023-2024 година

Скопје, 19. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за образование и наука информира дека објавени се резултатите од конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2023-2024 година.

Учениците кои се стекнаа со правото на користење стипендија треба да испечатат и пополнат три примероци од договорот за соодветната стипендија (договорите се објавени заедно со резултатите од конкурсите) и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до 29.12.2023 година да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје). Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. Решенијата и за прифатените и за одбиените апликации се изработуваат во моментов и ќе бидат испорачани во следниот период.

За било какви дополнителни информации и поддршка, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк, a прашања може да се поставуваат и на електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk.

Резултатите може да се погледнат на следниот линк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука