Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ со забележителен успех на Државниот натпревар по македонски јазик

Охрид, 19. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ постигнаа забележителен успех на Државниот натпревар по македонски јазик.

– Вака се сака македонскиот јазик и Македонија, зашто како што вели големиот Блаже Конески – јазикот е нашата татковина. Второ место на Државниот натпревар по македонски јазик освои деветтоодделенката Надица Тасеска под менторство на Фила Вероска-Стојковска. Пофалници за Изабела Томаноска (VIII одделение) – ментор Наташа Неданоска и Сара Котеска (IX одделение) – ментор Фила Вероска- Стојковска, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука