Здравје Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ИЈЗ: Пријавени 134 случаи на сезонски грип, во Охрид не се евидентирани заболени

Скопје/Охрид, 21. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 11-ти до 17-ти декември во Република Македонија пријавени се 134 случаи на сезонски грип, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Заболените се пријавени од 12 ЦЈЗ/ПЕ, во Дебар – 71, Тетово – 14, Струмица – 12, Куманово – 10, Битола и Прилеп – по 6, Штип – 5, а во Скопје, Кавадарци, Кичево, Гостивар и Радовиш бројот на пријавени е помал од 5. Во 11 извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, а во една (Дебар) – висока активност на вирусот на грип. Во однос на возрасната дистрибуција, 58 лица се на возраст од 15-64 години, 32 кај деца на возраст од 0-4 години, 31 кај деца на возраст од 5-14 години и 13 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години, е наведено во извештајот.

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 685. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 68,7%. Во досегашниот тек на сезоната на грип, не се регистрирани починати лица асоцирани со грип. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука