Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Бочварски: Очекувам денеска да биде доставен извештајот за автопатот Охрид-Кичево

Делчево, 22. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија Благој Бочварски очекува денеска да биде доставен експертскиот извештај за автопатот Охрид-Кичево кој го гради кинеската „Синохидро“.

Како што денеска изјави одговарајќи на новинарско прашање од МИА при посетата на Делчево, Бочварски рече дека откако ќе биде доставен извештајот, информацијата ќе биде разгледана на Влада.

– Очекувам денеска да биде доставен извештајот до Јавното претпријатие за државни патишта од страна на ФИДИК експертите и надзорот и потоа да биде аплицирана информација на Влада и на наредната недела да ја разгледаме таа точка заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и експертите, со што сите министри во Владата ќе бидат информирани за состојбите и да го одбереме најдобриот модел за овој значаен инфраструктурен проект, изјави Бочварски.

Тој не сакаше да прејудицира дали ќе биде раскинат договорот. Најважно е, рече, секој чекор што ќе го направи државата во следниот период да биде согласно насоките на експертите.

OhridPress денеска објави поширока анализа за состојбата со автопатот Охрид-Кичево, која можете да ја прочитате ОВДЕ. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука