Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична пријава за лице од Велгошти поради даночно затајување

Охрид, 22. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34-годишно лице од селото Велгошти и правно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

– Во периодот од 1. јануари до 15-ти септември 2023 година, првопријавениот како управител на правното лице не ги пријавувал сите приходи остварени во таа година, односно давал лажни податоци за приходите на правното лице и уплаќал помала сума на парични средства и на тој начин овозможил себеси и на правното лице да се стекне со противправна имотна корист, констатирано при извршена контрола на УЈП, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука