Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Каков ден во Охрид: Неверојатни 13 степени на 24-ти декември (Фото)

Охрид, 24. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ако Ви требаше посебна причина, еве Ви неколку фото причини за претпоследниот викенд оваа година да го поминете во најубавиот град под Самуиловата тврдина.

Неверојатни 13. степени Целзиусови денес беа измерени во Охрид, а сончевиот ден ги „измами“ охриѓани и гостите од домовите на прошетка и кафе-муабет во некој од угостителските објекти.

Градот е соодветно украсен и веќе „мириса“ на Нова година, која ќе ја пречека со подготвена програма и полека ја остава зад себе една од најуспешните сезони последниве години.

Метеоролозите за денеска најавуваат сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 13. степени.

– Продолжува периодот на претежно тивко и релативно топло време, освен по котлините каде ќе има појава на магла и пониска дневна температура, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука