ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Нуркачите од „Амфора“ традиционално ја накитија новогодишната елка под вода во Охрид (Фото/Видео)

Охрид, 25. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“, традиционално, 21-ва година по ред, ја накитија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид.

На овој уникатен начин, тие им ја честитаат Новата 2024 година и Божиќните празници на сите граѓани на Република Македонија.

– Среќна Нова година на сите. Како и секоја и оваа нова 2024 година им ја посветуваме на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и срќно детство. Посетителите на Музејот на вода елката ќе можат да ја видат од денес па се’ до крајот на јануари, порачаа од Нуркачкиот центар „Амфора“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: НЦ Амфора

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука