Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата приведе 32-годишен охриѓанец кај кого е пронајдена марихуана

Струга, 30. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти декември 2023 година, во 22:45 часот, на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид, приведено е 32-годишно лице од Охрид.

– При извршен преглед кај него, а потоа и при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана, грендер-дробилка и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука