Забава Избор Општина Вевчани ТОП ВЕСТИ

Игор Џамбазов официјален промотор и домаќин на годинешниот карневал во Вевчани

Вевчани, 5. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Најпознатиот македонски водител, глумец и музичар Игор Џамбазов ќе биде официјален промотор и домаќин на годинешното издание на карневалот во Вевчани.

– Голема чест и задоволство е да бидам домаќин и промотор на Вевчанскиот карневал, еден од најпознатите македонски брендови. На 12-ти, 13-ти и 14-ти јануари во држава Вевчани на големиот карневал, стар скоро 2.000 години. Се гледаме таму, порача Игор на социјалните мрежи.

 

ОФИЦИЈАЛНО ДОМАЌИН И ПРОМОТОР на Vevcani Carnival Вевчански Карневал
ГОСПОДИН ГОСПОДИН ИГОР ЏАМБАЗОВ Igor Dzambazov

Posted by Vevcani Carnival Вевчански Карневал on Friday, January 5, 2024

Вевчанскиот карневал е најпознатиот бренд на Република Македонија од овој вид, кој традиционално се одржува на 12-ти, 13-ти и 14-ти јануари. Така е со векови, а можеби и со милениуми, една од најстарите традиции на Македонија и Вевчани која се претпоставува дека има континуитет најмалку 1.500 години.

Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи. Традиционално, учесниците се обидуваат да избегнат воведување на современи карневалски елементи, но веќе години наназад има и богата музичка програма.

На 12-ти јануари веќе традиционално се организира програма од забавна музика, на 13-ти од народна музика и сето тоа испреплетено со традиционалното дефиле на маски, кое завршува со палење на маските на 14-ти јануари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука