Избор Култура Општина Вевчани ТОП ВЕСТИ

„Фатил сокол еребица“, новогодишен концерт на КУД „Дримкол“ од Вевчани

Вевчани, 7. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на КУД „Дримкол“ од Вевчани, следната недела ќе се одржи новогодишниот концерт „Фатил сокол еребица“ со роднокрајни народни песни, обработени и под диригентство на учителот Аргил Мукоски.

Изведбите ќе се одржат во среда, на 10-ти јануари 2024 година со почеток во 17:00 часот и во четврток, на 11-ти јануари 2024 година, со почеток во 19:00 часот во Мултикултурниот центар.

Влезниците ќе се продаваат по цена од 100 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука