Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

11. години гостилница „Кај Мече“: Гостопримливост, искрен и пријателски однос кон гостите, рецепт за успешна работа

Охрид, 9. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски ресторан – гостилницата „Кај Мече“ денеска прославува 11. години успешна работа.

После само една деценија работа, стигнаа до статус на еден од најпосетуваните и најпопуларните угостителски објекти во Охрид. На одлична локација, со многу љубов кон подготвувањето на храната, а особено со „благиот муабет и однос кон гостите“, гостилницата „Мече“ се издвои како една од најчестите локации за посета на охриѓани и гостите од целиот свет.

– Да ни се множат уште многу успешни години. Здрави и живи да сме сите, порачаа од „Мече“.

Секогаш свежа храна, подготвена на мајсторски начин во комбинација со поглед кон Охридското Езеро и пристапни цени. Сето тоа со гостопримливост, искрен и пријателски однос кон гостите што се покажа како добитна комбинација, која ќе трае уште долго како една од позитивните точки во охридското угостителство.

Екипата на OhridPress и Супер радио им посакуваат уште многу години успешна работа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука