Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Промени во раководството на М-НАВ, во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање

Скопје, 10. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надзорниот одбор во националниот давател за воздухопловни услуги М-НАВ се очекува да го официјализира разрешувањето на претседателот на УО Фахрудин Хамиди и секторскиот извешен директор Љубе Стаменковски и на нивно место да ги именува Хекуран Асани и Милан Кораќ, по насоките што ги доби вчера од Владата, а по упадот во институцијата од 4 овој месец.

Одлуките на Владата го стопираа штрајкот што го најави за денеска Струковиот синдикат на контроори на летање, кој ја стави во мирување одлуката со која требаше да се затвори воздушниот простор. Основниот кривичен суд Скопје, пак, од денеска треба да одлучува за жалбата на Јавното обвинителство во однос на одлуката да не го прифати барањето за притвор за четворицата осомничени во врска со упадот во М-НАВ.

-Владата на седница даде насока на надзорниот одбор да ги разреши Фахрудин Хамиди од должноста претседател на Управен одбор и извршен директор во СВН и Љубе Стаменковски од должноста член на УО и извршен директор во СВТ и на нивно место да бидат именувани Хекуран Асани, односно Милан Кораќ, соопшти владината прес-служба по вчерашната седница на Владата. Првично Владата даде насоки нов директор на М-НАВ да биде Илир Мехмеди, но ја промени одлуката бидејќи не ги исполнувал условите.

На владината седница, според соопштението, на Агенцијата за цивилно воздухопловство и е препорачано да продолжи со започнатите активности кои произлегуваат од спроведениот вонреден инспекциски надзор за утврдување на состојбите околу безбедноста и обезбедувањето на воздушниот сообраќај, а Инспекторатот за труд да изврши вонреден инспекциски надзор за работењето на синдикалните организации во рамки на „М-НАВ“.

Во М-НАВ од вчера е присутна и Управата за финансиска полиција која врши контрола и увид во работењето на институцијата врз основа на направениот извештај.

По одлуката на Владата, ССКЛ од каде подолг период ја спорат работата на раководството во М-НАВ и процедурите и селекцијата на конкурсите за вработување, оценија дека смените се придвижување на работите во позитивна насока.
Од Јавното обвинителство вчера информираа дека јавниот обвинител во својата жалба до Кривичниот совет на

Основниот кривичен суд Скопје детално ги образложил причините поради кои смета дека одлуката на судијата на претходна постапка да не определи мерка притвор за осомничените во случајот со М-НАВ е неоснована. За инцидентот Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против вкупно осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Целиот текст ТУКА.

извор: Сител фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука