ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид се сеќава: На денешен ден почина Кузман Поп Стефанија, водач на ансамблот „Билјана“ (Видео)

Охрид, 10. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 2013 година, во Охрид почина Кузман Поп Стефанија, долгогодишен член и водач на ансамблот „Билјана“ од Охрид.

Поп Стефанија беше член на сите состави на ансамблот „Билјана“ од неговото формирање пред повеќе од пет децении, како инструменталист на хармоника.

Заедно со другите членови на ансамблот, зад себе остави над 300 снимки на стари охридски староградски песни и препеви, седум албуми и неколку сингл-плочи.

Погледнете го документарниот филм за групата од далечната 1978 година, во продукција на тогашната Телевизија Скопје.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука