Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Со Василичарски огнови и традиционална прослава охриѓани ја дочекаа Стара Нова година

Охрид, 14. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани и годинава достојно го прославија дочекот на Православна или Стара Нова година Василица, посветена на Свети Василиј Велики.

Василичарски огнови синоќа беа запалени на повеќе локации во градот, а според репортерите на OhridPress, граѓаните и оваа година достојно и во голем број, според традицијата, го одбележaa и овој ден на начин пренесен од колено на колено и наследен од предците.

За овој празник, како што се вели, колку маала – толку обичаи, па така во секој дел од охридско на различни начини се прославува дочекот на Старата Нова година.

Старата година синоќа се испраќа со палење Василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина. Се подготвуваат колбаси, печено месо и вино. со надеж дека новата година ќе биде посреќна и побериќетна. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Наум Јамандиев

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука