Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Реконструкција на дворот на Гимназијата не се одвива со посакувана динамика

Охрид, 16. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата за зафатите поврзани со реконструкција на дворот на Гимназијата кои не се одвиваат со посакувана динамика е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress.

Светлана Велкоска, директор на ОСУ „Св. Климент Охридски“, за Супер радио и OhridPress вели дека влажното време создава проблеми за механизацијата, земјата е каллива и било тешко да влезат багерите. Поставена била електрична инсталација, водоводната и хидрантната мрежа, а бил решен и проблемот со атмосферските води.

– Секој момент чекаме да продолжат работите, најверојатно тешко им е со багерите да влезат многу е калливо и пропаѓаат. Сега треба ова да се исчисти, изведувачите сакаат на здрава површина добро да се тампонира, бидејќи под асфалтот немаше тампон. Потоа ќе се асфалтира и бетонира. Пуштена е електрична инсталација, водоводната, ќе има фонтани чешми, ќе има 66 канделабри, во стилот на Гимназијата, како и оградата што е, ќе има игралиште околу него ќе има трибина, ќе биде затворено со мрежа и ќе биде мултифункционално, позади ќе има паркинг, ќе има патека за трчање, напред ќе има две отворени училници, лево и десно од влезот, со амфитеатрално седење. Ќе има клупи бетонски, а просторот ќе биде и хортикултурно уреден, потенцира Велкоска.

Читателите на OhridPress апелираат на максимално брзо завршување на работите, да се избегнуваат изговори, се’ во насока на подобрување на условите за учење на средношколците во охридската Гимназија. Реконструкцијата на гимназијата започна на 29-ти април 2023 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука