Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Браќата Лотевци ја продолжија традицијата: И оваа година во костуми скокнаа во езерото за Водици

Охрид, 20. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година браќа Јован и Климе Лотевци oд Охрид на Водици скокнаа во костуми во водите на Охридското Езеро.

Скокот во ладната езерска вода, со кој тие ја продолжуваат традицијата, беше бурно поздравен од присутните.

29-годишниот Никола Јакимоски од Охрид е среќниот фаќач на Светиот крст годинава во водите на Охридското Езеро. Тој беше најсреќен меѓу стотиците капачи кои денес влегоа во ладните езерски води. Откако крстот заврши во неговите раце, тој посака здравје, среќа и бериќет за сите во текот на целата година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Zoran Spirkovski

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука